Повеќе од 110 илјади комерцијални возила односно комбиња на FCA ќе повлечат од Северна Америка. Станува збор за примероци од моделот ProMaster на американскиот бренд RAM произведени во периодот од 2015 до 2018 година.
При тоа како причина за ова повлекување се наведува нарушувањето во работењето на вентилаторот кој може да се заглави, а при тоа прекинувачот да не може да го спречи неговото прегревање. Со самото тоа, ќе се случи и појава од пожар.
FCA при тоа на транспарентен начин објави дека поради дим и пожар од страна на надлежните институции во САД до производителот пристигнати се 21 жалба и 13 тужби.
Инаку зад моделот ProMaster на RAM всушност се крие Fiat Ducatto, а почетната цена во САД изнесува 30 илјади долари.