сабота, 25 ноември, 2025 година

Сè повеќе жени во Германија имаат свој автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Истражувањето направено во Германија покажува дека жените во оваа земја сè повеќе го земаат воланот во свои раце или имаат свој автомобил. Во 2010 година околу 13,5 милиони жени биле регистрирани како сопственици на автомобили, а денес овие бројки се веќе 16,3 милиони односно три милиони повеќе за само десет години.

Ова значи дека делот на жените во вкупниот број на сопственици на приватни автомобили се зголемил од 35% на 38% во последните десет години. Според официјалната статистика уделот на машките приватани лица се има соодветно намалено.

- Advertisement -

Уделот на жените под 30 години во вкупниот број жени, кои поседуваат автомобил останува доста низок – 8,0 проценти во 2020 година. Во апсолутни бројки пред десет години 1,2 милиони жени под 30 години имале сопствен автомоби, а денес имаат 1,3 милиони.

Делот на жените на возраст меѓу 30 и 59 години донекаде се намалува. Во 2010 година тој дел е нешто на 68 проценти, а десет години подоцна е 60 проценти.

Од друга страна, развојот кај жените на 60 или повеќе години е многу подинамичен. Нивниот дел од сите жени, кои поседуваат автомобил се има зголемено за речиси 23 проценти во 2010 година до речиси 32 проценти.

Во апсолутни бројки, ова е зголемување од 3,1 милиони на 5,2 милиони жени односно за две третини. Тоа покажува дека поседувањето на сопствен автомобил гарантира индивидуална мобилност и независност особено во оваа фаза од животот на жената.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја