Се појавија првите рендери од новиот Civic – чекор напред или назад во поглед на дизајнот?

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет се појавија првите рендери кои Honda ги достави до службите за патентирање, а се однесуваат на новата, 11-та генерација на моделот Civic.

Новата генерација која треба да се појави во втората половина следната година ќе биде достапна и натаму во хечбек и седанска верзија.

Токму овие рендери предизвикаа голем интерес, а мислењата се поделени. Едните сметаат дека со овој дизајн Civic ја губи својата агресивност, додека пак други сметаат дека дизајнот е чекор назад. Има и такви кои сметаат дека Honda конечно претставува автомобил со сериозен дизајн.

Honda Civic

Освен рендерите, не се откриваат никакви дополнителни информации, особено технички податоци за овој модел. Истите се очекуваат да бидат познати кон крајот на годинава.

Honda Civic

Инаку Civic е најстариот модел во понудата на Honda. Производството во континуитет се спроведува уште од 1972 година и досега се продадени над 20 милиони примероци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK