Се појавија првите официјални фотографии од Kia EV6 (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

По минатонеделниот тизер на Kia за електричниот автомобил EV6, сега се појавија и првите фотографии кои во целост го откриваат изгледот. Револуционерен дизајн, во поглед на актуелната гама, кој со својата привлечност може да се каже дека со сигурност ќе им ги помати плановите на европските и јапонските гиганти.

Се работи за модел кој произлегува од амбициозниот план на Kia за електрификација на својата понуда која за неколку години од сега треба да нуди повеќе електрични отколку автомобили со мотори во внатрешно согорување.

Автомобилот се темели на E-GMP платформата која се користи и кај моделот Ioniq 5, а која ја разви Hyundai Motors со цел на неа да ги создава електричните возила во наредните години.

Kia EV6

EV6 доаѓа со повеќе батерии од по 72.6 kWh, а благодарение на целосната технологија и модуларна архитектура овозможува домет од 310 милји односно 500 км. Повеќе официјални технички податоци се очекува да бидат откриени при европската премиера на овој модел која ќе се случи оваа пролет.

Kia EV6

 

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK