Се појавија првите фотографии од тестирањето на Mercedes SL

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет се појавија првите фотографии од новата генерација на SL класата на Mercedes. Новата, седма генерација германскиот производител ја најави уште минатата година, но сега, иако маскиран, се појавува за прв пат во јавност.

Новата генерација се темели на MSA платформата. Го следи дизајнот кој е употребен кај неколкуте модели прикажани во последните две години. Истакнат е поспортскиот карактер и поголемото меѓуоскино растојание.

Во поглед на мотористиката, понудата најверојатно ќе ја сочинува еден 3,0 литарски мотор со шест цилиндри и моќност од 429 КС. Тука е и помоќниот 4,0 литарски V8 мотор со 515 КС, како и AMG варијантата која доаѓа со V8 мотор од 604 КС. Најмоќна од сите е plug-in хибридната верзија која ќе го носи називот SL 73 и ќе располага со 800 КС.

Премиерата на овој модел би можело да се случи кон крајот на оваа година, а во продажба ќе се појави следната година како модел за 2022 година.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK