Се појавија првите фотографии од новото Porsche 911

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата закажана за саемот за автомобили во Лос Анџелес кој започнува кон крајот на месецот, на интернет се појавија првите (официјални) фотографии од новата 911-ка на Porsche.

Иако со лоша резолуција, овие фотографии во целост го откриваат екстериерот на овој долго најавуван модел. Без многу разлики во поглед на најавуваниот рендер и бројните “можни” екстериери што претходно се појавија на интернет, новиот 911 Carrera со остри линии изгледа уште поспортски. По спортскиот карактер се 3.0 литарскиот bi-turbo агрегат со 390 КС и нов седум степен мануелен менувач.

Од претходно е веќе познато дека овој модел доаѓа со намалена тежината, како и намален коефициентот на отпор на воздух кој од 0.29 сега изнесува 0.27 што го вбројува овој модел меѓу оние автомобили со најповолен коефициент на отпор. Во однос на претходната серија (992) кај оваа серија имаме зголемување на димензиите. Така должината од 4.500 мм пораснува на 4.520 мм додека пак ширината од 1.810 на 1.840 мм.

Кај овој модел покрај тоа што е намалена тежината, намален и коефициентот на отпор на воздух кој од 0.29 е намален на 0.27 што го вбројува овој модел меѓу оние автомобили со најповолен коефициент на отпор. Во однос на претходната серија (992) кај оваа серија имаме зголемување на димензиите. Така должината од 4.500 мм пораснува на 4.520 мм додека пак ширината од 1.810 на 1.840 мм.

Во однос на цената и продажбата, овој модел во продажба се очекува да влезе на почетокот на следната година, а цената во САД најверојатно ќе се движи помеѓу 90 и 100 илјади американски долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK