Се појавија првите фотографии од најевтината G-Klаssе (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Сајтови од Кина објавија фотографии од новиот Mеrсеdеs-Bеnz G350. Тоа ќе биде најевтината верзија на Gеländеwаgеn, доколку може да биде користен со цена од 1,2 милиони јуани (150.000 евра), колку што ќе чини моделот.

Се разбира основната G-Klаssе ќе биде значително поскапа во Кина отколку во Европа.

Под предната хауба на G350 најверојатно ќе работи четирицилиндричниот M264 cо моќност од 295 коњски сили и 400 Нм. Менувачот ќе биде деветстепен автоматик, додека системот за погон ќе остане без промени.

Според изгледот основната G-Klаssе ќе изгледа како постарите модификации. Единствената разлика ќе биде амблемот над левото стоп светло и 17-инчните тркала. Продажбите почнуваат на крајот од годината.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK