Се појавија фотографии од првата електрична Dacia (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Списанието Auto Week од Холандија објави патентни фотографии на првиот сериски електромобил на Dacia. Субкомпактниот Spring, наменет за европските пазари ќе биде претставен официјално до крајот на годината.

Електричната Dacia e сериска верзија на истоимениот концепт, покажан во март. Spring е речиси целосна копија на Renault K-ZE кој се продаваше во Кина.

Долг е 3,7 метри и може да поминува околу 200 километри според циклусот WLTP.

Tочните технички карактеристики сè уште не се познати, но ако механиката исто така биде позајмена од Rеnаult K-ZЕ, Dасiа Spring ќе располага со моќност од 45 коњски сили и акумулатор со капацитет од 26.8 кВтч, кој се полни до 100% за четири часа, а максималната брзина ќе биде 105 км/ч. Цента во Кина е 66.800 јуани (8.355 евра).

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK