Се појавија „чисти“ фотографии на VW Jetta – промоцијата е блиску

ОБЈАВЕНО НА:

Некои од моделите што ги произведува VW се повеќе популарни надвор од Германија, а еден од тие е Jetta. И не само што тој модел не е многу посакуван во Германија, слабо се продава и во Европа. Затоа пак одлично оди преку Атлантикот во САД. А тоа е огромен пазар, доволно VW да работи на новата генерација што треба да се биде понудена во 2018 година.

Ова треба да биде седмата генерација на Jetta. Моделот ќе се произведува во фабриката во Пуебла, Мексико. Веќе се појавија и првите фотографии на изгледот на моделот. Од VW се труделе да направат седан со атрактивна и модерна визија – и изгледа им успеало, за што сведочат фотографиите, што ги има на autologia.mx.

На нив VW Jetta се гледа за прв пат без маска. Моделот комбинира елементи од Arteon и концептниот New Midsize Coupe прикажан во 2014 година Најсилен впечаток остава предната решетка која оди под фаровите.

Новата Jetta ќе ја користи новата платформа MQB и ќе располага со најсовремени системи за помош на возачите што ги има концернот, како и со последната генерација инфозабавниот екран осетлив на допир.
Веројатно основниот мотор ќе биде 1.5 литарски турбобензински со моќност од 150 КС. Топ верзијата треба да биде 2 литарскиот GLI со над 200 КС. Додека во САД официјалната премиера на моделот е прашање на недели, засега нема информации дали и кога ќе пристигне во Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK