Минатиот месец Ford преку тизер видео објави дека премиерата на новиот SUV, именуван како Mach E, а кој се базира на Ford Mustang ќе биде на 18 ноември годинава. Сега, во пресрет на премиерата, на интернет се појави првиот рендер за овој модел.
Од рендерот може да се воочи она што и се очекуваше – екстериер инспириран од спортскиот модел Mustang.
Од претходно е познато дека овој модел се темели на новата C2 платформа, а сериската верзија ќе располага со литиумско-јонска батерија која ќе овозможи автономија од околу 600 км.
Премиерата на овој модел е закажана за 18 ноември во Лос Анџелес кога ќе бидат објавени повеќе официјални информации за цената, производството како и техничките карактеристики. Веќе следната година ќе влезе во сериско производство.