Се појави првата официјална фотографија од Mercedes AMG CLA 45

ОБЈАВЕНО НА:

Откако минатиот месец во рамките на саемот за автомобили во Њујорк беше претставена AMG изведбат на Mercedes CLA 35, на интернет се појави и фотогрфија од уште помоќната изведба.

Поточно, на официјалната интернет страна на Mercedes, германскиот производител (не)намерно објави фотографија од Mercedes-AMG CLA 45.

Со ова се потврдува доѓањето на оваа изведба која под хаубата располага со 2.0 литарски трубо четирицилиндрен мотор кој продуцира 383 КС. Се шпекулира дека заедно со оваа изведба ќе биде претставена и CLA 45 S која ќе продуцира неверојтни 416 КС.

Во однос на опремата оваа изведба ќе ја поседува истата како и CLA 35. Тоа значи дека ќе располага со осум степен автоматски менувач со 4Matic погон на сите тркала. Тука ќе биде и адаптивниот систем за амортизација, големата дигитална инструментална табла која доаѓа со MBUX мултимедијалниот систем.

Засега останува непознато кога ќе биде премиерно претставен овој автомобил и која ќе биде почетната цена.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK