После неколку недели на прелиминарни и недоволно јасни фотографии, конечно е објавена првата официјална фотографија од Lamborghini Aventador Superveloce Jota. Тоа ќе биде најбрзиот и најмоќен сериски автомобил во историјата на италијанскиот бренд.
Фотографијата доаѓа од британскиот дилер на брендот, а е наменета за потенцијални и актуелни клиенти на компанијата. Најверојатно не била предвидена да се распространи низ медиумите, но тие успеале да дојдат до неа.
Веќе е најавена и промоцијата на возилото, а таа би требала да се случи во текот на следната недела во Монтереј во САД.
Веќе е познато дека V12-моторот ќе развива доста сериозни 760 коњски сили. Зголемената моќност и вртежниот момент доаѓаат во комбинација со намалената тежина до тон и пол, што дава што дава соодност од тежина-моќност од 1,98 килограми на коњска сила.