И 13 години после појавата, летонскиот блиндиран теренeц се уште се смета за едно од најголемите и расипничко егзотични возила во автомобилскиот свет. Тоа е автомобилот со најубавите додатоци, но и покрај сè, продолжува да биде во центарот на вниманието.
Ова го предизвика примерокот од моделот, кој се појави деновиве на француската ривиера. Автомобилот е со руски регистарски таблички и најверојатно е сопственост на некој од многубројните олигарски, кои претстојуваат на Азурниот брег.
Станува збор за Dartz Prombron Комбат T98. Често е нарекуван само PromBron и ова возило е најкич варијантата на руската борбена машина Комбат Т-98. Го рекламираат како најскапиот блиндиран СУВ во светот.
Се издвојува моторот со моќност 850 коњски сили, 22 инчни тркала во супер блескав хром, специјалната боја на каросеријата, волфрамов издувен систем и контролен уред за зајакнување на белото злато, украс од дијаманти и рубини…
Dartz Prombron Комбат T98 располага и со позлатени армирани стакла, дополнителна заштита однадвор од кевлар и се разбира тапацир од кожата на пенис на кит. Без нималку шега во понудата се вклучени и три шишиња од најскапата вотка во светот RussoBaltique Family Relique Edition.