Во пресрет на премиерата на новата Opel Astra која ќе биде претставена во текот на оваа година, на интернет се појавија нови фотографии од овој автомобил, секако маскиран.
Од фотографиите и не може да се открие дизајнот, но истиот за очекување е да ја следи дизајнерската филозофија применета кај новата генерација на моделот Mokka. Шестата генерација на Astra, по Mokka, ќе биде вториот модел на Opel кој е целосно развиен под капата на PSA Групација, откако германскиот производител стана член на ова семејство.
Покрај тоа што е целосно развиен автомобил од страна на инжинерите во PSA Групацијата, овој модел ќе ги има во целост развиените од PSA мотори. Се шпекулира дека новитет на постоечката понуда на мотори ќе биде бензинскиот мотор со 81 kW односно 108 КС како и уште еден бензински мотор со 162 kW односно 217 КС. Во понудата на оваа генерација ќе се наоѓаат и дизел мотори кои ќе продуцираат од 99 КС до 177 КС.
Засега со сигурност се знае дека новата генерација ќе се произведува во Риселсхајм, каде ќе се произведува и втората генерација на моделот DS4.