Во базата на Министерството за индустрија на Кина, се појавија слики од компактниот кросовер Haval F5, целосно без маскирање. Веднап потоа сликите се раширија низ интернет а новитетот која официјално ќе биде прикажана дури следната година, беше декласифициран пред неговата премиера.

Актуелниот Haval F5 направен на платформата со погон на предните тркала на Haval H6 / WEY VV6, влезе на производната линија во 2018 година и веќе се подготвува за целосна промена на генерацијата. Според првичните податоци, кросоверот ќе се пресели во друга каросерија. Ќе добие редизајниран екстериер со посложени форми на решетката, оптиката и воздушните канали и без црна пластика околу периметарот. Задниот браник нема хром, а светлата се поврзани со широка лента.
Во однос на димензиите, кросоверот од новата генерација е малку инфериорен во однос на претходникот: неговата должина ќе биде 4.450 (-20) милиметри, ширина – 1.841 (-16) милиметри, а висина – 1.618 (-20) милиметри. Меѓуоскиното растојание на е 2.700 милиметри.
Мотористиката на Haval F5 ќе остане иста. Според кинеските медиуми, новиoт модел ќе го придвижува 1,5-литарски турбо мотор GW4G15K со директно вбризгување, развивајќи до 150 коњски сили.








