Во пресрет на премиерата, на интернет се појавија фотографии од новата генерација на камионетот Fiat Strada. Со целосно нов изглед, многу поатрактивен, италијанскиот производител ќе атакува на лидерската позиција во овој сегмент во Јужна Америка.
Под кодната шифра 281 овој модел во производство доаѓа оваа пролет, а целокупното производство ќе се спроведува во бразилската фабрика на Fiat лоцирана во Бетим.
Во понудата доаѓа со 1,3 литарски Firefly мотор со 109 КС, а тука е и Fire EVO моторот со 88 КС. Во понудата се очекува да пристигне и 1,0 литарскиот Firefly турбо мотор со 120 КС. Купувачите ќе може да одбираат помеѓу автоматски и мануелен менувач.
Во понудата доаѓа и со четири верзии Working, Endurance, Freedom и Volcano кои пак се карактеристираат со различно ниво на опременост и одредени визуелни измени.
Инаку овој модел за прв пат започна да се произведува во далечната 1996 година. Првичниот дизајн е дело на Џорџето Џуџаро, а покрај во Бразил се произведуваше и во фабриката на Nissan во Јужна Африка. Од 2007 година па се до минатата се продадени повеќе од 2 милиони примероци.