Кралскиот суд во Нотингем во Англија, донесе пресуда за казна затвор од 21 месец за мотоциклист кој самиот го откри своето прекршуање на дозволената брзина на патот возејќи 300 км/ч.
Полицијата го фатила Адам Кемпион откако го забележале неговиот регистрациски број на моторот.
Истрагата ги однела полицајците до домот на 26-годишниот Кемпион, каде наоѓаат лап-топ со стотици видеоснимки со екстремно брзо возење и нарушување на сообраќајните правила.
https://www.facebook.com/nottspolice/videos/2543612765675874/
После проучувањето на материјалите, судот покренува обвинение за мотоциклистот за пет ситуации на опасно возење и за учество при кражба. Брзината од 304 км на час (189 милји) е досега највисоката регистрирана во Велика Британија.

Следете не и на:

