Додека ние се бориме да обезбедиме патеки за велосипедистите во урбаните средини и тие да бидат безбедни и што е можно подолга траса во светот веќе постои и автопат за велосипеди.
На крајот на мај во Пекинг ќе биде откриена „алеја“ за велосипедисти со три ленти, а едно од нив ќе биде во спротивен правец. „Автопатот за велосипедисти“, изграден вo една од најпрометните области на кинеската престолнина е долг 6,5 километри и има ширина од шест метри.
Насоката на движење во средната лента ќе се менува во зависност од прометноста. Наутро, на пример, кога повеќе велосипедисти возат кон центарот за да стигнат на работа две од лентите ќе се користат во тој правец, а навечер обратно.
Во Пекинг има над 1,9 милиони велосипеди под наем и повеќе од 1000 километри велосипедиски ленти. Според прогнозите целта е во 2020 година да се достигне до 3200 километри.