Се одложува производството на новиот Nissan Qashqai

ОБЈАВЕНО НА:

Иако требаше да се појави во производство кон крајот на оваа година, почетокот на производството на новата, трета генерација од моделот Qashqai се одложува.

Британските медиуми соопштуваат дека сега стартот на производството во Сандерленд е закажан за средината на седната година, а причините за одложувањето произлегуваат од пандемијата на коронавирусот како и последиците од излезот на Велика Британија од Европската Унија.

Новиот SUV на јапонскиот производител ќе биде инспириран од IMQ концептот. Познато е и дека ќе се базира на CMF платформата, а покрај со бензински мотор, во понудата ќе биде и со два хибридни погони.

Инаку првата генерација на овој модел кој во одредени региони во светот е познат и под називот Dualis и Rogue, е претставена во 2006 година како наследник на Nissan Mistral додека пак актуеланта, втора генерација датира од 2013 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK