Се молам за помош, а сакаат да делат дивиденди

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот магазин Handelsbat објави дека 75% од корпорациите кои котираат на германските берзи, а кои се погодени од кризата имаат намера да исплатат дивиденда и покрај се.

Пандемијата на коронавирусот несомнено е дека значително го погоди автомобилскиот сектор. Март, април и мај беа најтешките месеци за автомобилската индустрија во последните неколку децении. Тоа беше причината поради која многу производители се обратија до своите Влади да побараат државна помош.

Додека се молеа да изнудат што поголема државна помош, акционерите на германските производители очекуваат да добијат дивиденда за минатата деловна година.

“Оние кои навистина се на државна помош не може во исто време да проследат дел од својот профит на акционерите. Тоа е грдото лице на капитализмот” изјави Карстен Шнајдер од германската Социјалдемократска партија.

Volkswagen, BMW и Mercedes отпуштија дел од работниците, а на речиси сите им ги намалија неделните часови за работа. Истите овие компании добија државна помош од неколку милијарди евра, а нивните акционери притискаат да добијат дивиденда.

Германскиот магазин Handelsbat објави дека 75% од корпорациите кои котираат на германските берзи, а кои се погодени од кризата имаат намера да исплатат дивиденда и покрај се.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK