Се менуваат законите во корист на купувачите

ОБЈАВЕНО НА:

Европската унија планира да направи измени во законот, со што ќе им овозможи на купувачите многу полесно да преземаат правни акции против автомобилските произведувачи.

Секако, сето ова е иницирано после Дизелгејт скандалот кога на површина испливаа сите слабости во законот за заштита на потрошувачите во Европската унија. Додека од едната страна на Атлантикот, во САД, беше видено дека Volkswagen мораше да им исплати милијарди на купувачите поради измама, во Европа истиот концерн се провлече главно со поправки на спорните возила.

Измените во законот ќе им овозможат на купувачите полесно да се организираат во групи како би делувале заеднички додека санкциите ќе бидат значително поголеми.

„Здруженијата за заштита на потрошувачите конечно ќе добијат заби кои ќе ги казнуваат измамниците. Измамата не може да биде евтина“, вели Комесарот за правда, Вера Јурова.

Volkswagen, поради мамење во Европа беше осуден да им исплати околу шест милиони евра на купувачите, додека во САД тој износ е неколку илјади пати поголем и покрај фактот што таму е застапен со околу три проценти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK