Се е подготвено за рестилизираниот Hyundai Tucson – доаѓа годинава

ОБЈАВЕНО НА:

Уште минатата година Hyundai најави дека во текот на оваа година ќе ја претстави рестилизираната верзија на третата генерација на Tucson. Сега на интернет се појавија неколку шпиунски фотографии од кои може да се заклучи дека Hyundai многу брзо ќе го претстави на јавноста.

Шпиунските фотографии беа забележани и кон крајот на минатата година, но последниот месец на улиците во Јужна Кореја се тестираат неколку примероци од овој SUV.

Последните информации говорат дека премиерата на продукциската верзија ќе се случи кон средината на годината односно во јуни или јули. Во понудата се очекуваат 2.0 литарските турбо бензински и турбо дизелски мотори со 150 односно 185 КС, а не се исклучува и можноста за plug-in хибридна верзија.

Околу дизајнот нема могу информации, но рускиот сајт Kolesa објави рендери на кои може да се забележи дека рестајлингот ќе има одредени дизајнерски сличности со моделот Nexo.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK