Sandero RS со 150 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Renault кон крајот на минатиот месецо во Јужна Америка го претстави подновениот модел Sandero под брендот Renault. Сега, по само неколку недели претставена е и спортската RS изведба.

Оваа спортска изведба под хаубата располага со 2.0 литарски бензински мотор кој продуцира 150 КС, а тука е опција и со дизелски мотор со 143 КС. Со првиот, до 100 км/ч се забрзува за 8.0 секунди, а максималната брзина изнесува 202 км/ч.

Подновениот Sandero доаѓа со измена ена задните светла, додека предните добиваат дневни LED светла во C форма. Димензиите остануваат исти, а единствено има зголемување кај клиренсот. Во внатрешноста доаѓа со модернизиран мултимедијален систем со Android Auto и Apple Car Play, а тука се целосно новите седишта, кожниот управувач и менувач на брзини, автоматската клима, воздушните перничиња итн.

Останува нејасно дали и европскиот Sandero кој се продава под брендот Dacia ќе го добие наведениот изглед, или пак можеби спортската изведба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK