Повеќе од изненадувачи е фактот дека Сан Марино е земјата со најмногу автомобили на 1.000 жители. Од последните статистики, во оваа земја на 1.000 жители има дури 1.263 автомобили.
Тоа практично значи дека секој жител во оваа мала земја има по еден автомобил и плус има такви што покрај еден имаат и повеќе автомобили.
По Сан Марино, на оваа листа изненадувачки се најде уште една мала земја, Монако, со 899 автомобили на 1.000 жители.
На третата позиција според минатогодишните податоци со 860 автомобили се најде Нов Зеланд, веднаш пред Исланд со 824 автомобили. Петорката со најмногу автомобили на 1.000 жители ја заокружува САД со 811 автомобили.