Samsung претставува „груб“ Galaxy S8 Active

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот модел ќе има подобра батерија и ќе биде поиздржлив од својот претходник

Samsung официјално го пушта во продажба својот Galaxy S8 Active во петок, 11 август. Тој може да се дефинира како „погруб“ брат на предводникот на брендот, Galaxy S8, и доаѓа во две бои – метеор сива и титаниум златна. Засега уредот ќе биде достапно само за пред нарачки, кои стартуваат од утре, пишува Engadget.

Карактеристиките на Galaxy S8 Active во голема мера се совпаѓаат со оние од класа Galaxy S8, вклучувајќи процесорот Snapdragon 835, 4GB RAM и 64GB меморија. Тој е опремен со 12 мегапикселна задна камера и 8 мегапикселна предна камера.

Главниот фокус на Active е неговата батерија која со своите 4.000mAh е поголема од 3.000mAh и 3.500mAh батерија на најпопуларните модели S8 и S8 Plus.

Уредот се одликува и со својата конструкција и издржливост. Смартфонот е отпорен на удари, вода и прав. Тоа значи дека ако го фрлите на 5 метри длабочина за 30 мин. или да го испуштите од 5 метри висина, тој ќе преживее. Интересно е дека за негово правење се користат воени материјали.

Како додаток на оваа надворешната рамка телефонот може да се пофали со метална рамка и оклоп, за да се заштитат од удари, како и со потврд заден дел од телефонот. Судејќи според фотографиите, тој ќе има и екран од типот Infinity, исто како Galaxy S8.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK