Samsung на листата инфицирани мобилки со преинсталирани тројанци

ОБЈАВЕНО НА:

Најмалку 36 модели на мобилни телефони се инфицирани со тројанци, односно имаат преинсталирани вируси уште пред да стигнат до корисникот, јавува Интернет порталот за безбедносни вести и хакирање, thehackernews.com.

Станува збор за апарати од познати производители, како Samsung, LG, Xiaomi, Asus, Nexus, Oppo I Lenovo, кои се дистрибуирани од две неименувани компании, а кај кои вирусите ги немало на официјалниот ROM-от кога го напуштиле производителот, туку се инсталирани подоцна во текот на дистрибуцијата.

Присуството на вируси е потврдено по Check Point скенирање на апаратите, а детектирани се вирусите Loki и SLocker.
Тројанецот Loki е првпат откриен во февруари 2016 година, а има можност да направи подигање на привилегии на рут ниво и тоа му овозможува пристап до листата на апликации, историја на пребарување, листа на контакти, листа на повици, како и податоци за локацијата.

SLocker вирусот претставува рансомвеар, односно користи TOR протокол за да го скрие идентитетот на операторот од каде се воспоставува повикот.
Единствен начин да се исчисти мобилката е со таканарешено флешување и одново да се инсталира ROM-от, но оваа постапка може да го оштети мобилниот апарат и најдобро е да ја направи стручно лице.

Листата на мобилки, кај кои е потврдено присуство на преинсталирани вируси:
Galaxy Note 2
LG G4
Galaxy S7
Galaxy S4
Galaxy Note 4
Galaxy Note 5
Xiaomi Mi 4i
Galaxy A5
ZTE x500
Galaxy Note 3
Galaxy Note Edge
Galaxy Tab S2
Galaxy Tab 2
Oppo N3
Vivo X6 plus
Nexus 5
Nexus 5X
Asus Zenfone 2
LenovoS90
OppoR7 plus
Xiaomi Redmi
Lenovo A850

Следете не и на:

24AUTO NETWORK