Компанијата Samsung место литиумскиот метал вгради дебел слој на комбинација од сребро јаглерод, кој служи како анода. General Motors ја претстави новата батерија со капацитет од 200 kWh и домет од 643 километри. Со оглед на тоа дека Tesla ги нуди своите возила со батерија од 100 kWh и домет од 627 километри, не може да се порекне дека технологијата на батериите приличносе разликува зависно од производителот на електрични автомобили.
Ако сте се запрашале зошто проиводителите на мобилни уреди со големо искуство во доменот на батериите не и помагаат на автомобилската индустрија со своето широко знаење во овој сегмент, тогаш одговорот пристига. Samsung како еден од најголемите производители на разни мобилни уреди има намера да го направи токму тоа.
„Се очекува дека ова ветувачко истражување ќе помогне при движењето на експанзијата на електрични возила“ стои во изјавата на производителот од Јужна Кореја, а притоа ова се однесува на прототипот на батеријата која би му овозможила на електричното возило домет од 800 километри со едно полнење.
Samsung уште нема објавено ниту една фотографија од батериите напрвени во целост од цврсти електролити. Еден помал проблем е тоа што таква батерија би издржала 1000 полнења што претворено во километри е најмалку 800.000 километри. Тоа е помалку ако таа бројка се спореди со Teslа и Универзитетот Dalhousie, кои во моментов развиват батерија која би требала да овозможи работен век од милион милји односно 1,61 милион километри.
Samsung одбра производство на батерија сочинето од цврсти електролити бидејќи подржува поголема густина на енергија. Цврстите, место течните електролити исто така ја прават батеријата посигурна од литиум-јонските батерии, но слабата страна на повеќето потполно цврсти батерии е анодата. Иглестите кристали, познати како дендритиможат да се развијат на литиум-металните аноди во текот на полнењето, со што се смалува животниот век на батеријата.
Samsung затоа место литиум вгради 5 микро метри дебел слој на композитно сребро и јаглерод кој служи како анода. Истиот спој на сребр и јаглерод (AG-C) исто така е вграден во пакувањето на батеријата, со што се зголемува густината на енергијата на 900 Wh/L. Овој материјал исто така му овозможи на Samsung да направи прототип од 50 проценти помал од литиум-јонските батерии. Засега не се познати димензиите и датумот на комерцијалната употреба.