Самоодбрана: Возилата на Toyota ќе ги прскаат крадците со солзавец (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Toyota поднесе барање за заштита на својата идеја во бирото за патенти во САД, а се работи за патент системот за дозирање на ароматизатори, кој по потреба и во случај на кражба ќе може да прска солзавец.

Според патентот, системот ќе го препознава сопственикот или други лица со право на пристап во возилото, како и патниците со нив, а притоа ќе го прскаат омилениот парфем. Системот ќе се управува со специјалната апликација за паметни телефони. Преку него ќе може да се избере еден или друг мирис однапред. Системот исто така, автоматски ќе го дезодорира внатрешниот простор во возилото кога патниците ќе излезат од него.

Најинтересниот дел од овој систем е дејството кое ќе се случи кога во автомобилот ќе има натрапник, кој ќе се обиде да го стартува моторот. Тогаш системот место со пријатен мирис ќе ја наполни салата со солзавец, со кој ќе го избрка крадецот и ќе го заштити возилото од крадење.

Ваквите системи се патентирани и од други автопроизводители, но кај Јапонците системот првпат се користи за заштита на возило од крадци. Тоа , што Toyota го патентираше системот за ароматизација на возилото со можност за пуштање на солзавец, не значи, дека ќе биде и задолжително користен. Уште повеќе, што веројатно ќе биде понуден како опција, која купувачот ќе одбере дали ќе сака да ја порача.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK