Само за Кина – Audi го лансираше продолжениот Q2

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Audi објави дека во Кина и официјално со продажба започна продолжената верзија на најмалиот SUV во гамата на Audi, Audi Q2.

Q2 L е целосниот назив на овој модел кој има за 27 мм поголемо меѓуоскино растојание обезбедува поголем простор за патниците, особено на задната клупа. Поголема е и должината која сега порасна за 38 мм на 4.229 мм.

Почетната цена на основниот модел со најниско ниво на опременост изнесува 28.430 американски долари, додека онаа со најголемо ниво на опрема се продава по цена од 35.325 долари. Во понудата на основниот модел се наоѓа 1.4 TSI бензински мотор со 131 КС и 220 Nm, а тука е и помоќната верзија со 150КС и 250 Nm.

Audi Q2 L

Audi го лансираше моделот Q2 во 2016 година. За европскиот пазар производството се извршува во фабриката во Инглоштад, додека во Кина за производството е задолжена кинеско-германската компанија FAW Volkswagen.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK