Само за богати: Се продава златен Nissаn GT-R

ОБЈАВЕНО НА:

За разлика од повеќето златни автомобили тука станува збор за боја, а не за покривање со фолија. Автомобилот е направен во студиото Kuhl Rасing, каде што актуелниот Nissаn GT-R e лишен од оригиналната боја и е покриен со златен емајл со рачно гравирани шарки. Резултатот може да се опише како бизарен.

Подесувањето на Nissаn GT-R не запира тука. Автомобилот е подготвен за изложбата SЕMА 2016 и кон неа се додадени нов комплет за аеродинамичко тело и ефективно антикрило.

Покрај тоа клиренсот на суперавтомобилот е серизоно намален. Во кабината исто така се појавуваат и златни детали, што одговара со надворешната визија на купето.

Моторот кој е 3.8-литарски битурбo V6 е со големена моќност. После подесувањето коњските сили се зголеми до импресивни 820. Инсталиран е и издувен систем кој е иработен по специјална порачка и се карактеризира со неверојатно ефектен вук.

Цената исто така е неверојатна и изнесува 550.000 долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK