Само за авантуристи – комбинација на камп куќарка и чамец

ОБЈАВЕНО НА:

Ако сте авантурист, сакате адреналин и незаборавни искуства тогаш Departure One е вистинското нешто за вас.

Како изум на последните иновации на полето на кампување и мултифункциските средства, Departure One претставува комбинација на камп куќарка како и моторизиран камп-чамец. Тоа значи дека оваа мобилна куќарка покрај на копно претставува совршено решение и за на вода при што во никој случај не е потценета функцијата на пловен објект.

Комплетната камп куќарка е долга девет метри и нуди доволно простор за четири лица на два удобни кревети сместени во предниот дел. Одма зад просторијата за спиење се наоѓа камбината која ја користи возачот за управување на овој објект додека се наоѓа во вода, а од тука го контролира правецот и погонот кој е со моќност од 15 КС.

Departure One

Вовнатрешноста има уште една просторија во која се наоѓа кујната како и масата за јадење со клупа за седење. И овој простор може дополнително да биде искористен за спиење благодарение на лесната трансформација и пренамена на просторот. На крајниот заден дел се наоѓа мала тераса која особено е функционална додека објектот се наоѓа во вода.

Возилото има можност за приклучок на електрична мрежа, а доколку истата е недостапна, куќарката може да се лади и грее со помош на специјален систем кој работи не бензин.

Departure One

Ова возило е дизајнирано во Европа што значи дека во целост ги исполнува стандардите за безбедност како на копно така и во вода. Почетната цена во Германија изнесува 58 илјади евра, а достапна е и во неколку бои.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK