На Германците им останаа уште 11.000 непродадени возила од 2015 година со дизелски мотори, што сега се нудат со убави попусти. Истите возила се поправени за да ги задоволат еколошките стандарди.
Ако сте во САД можете да си купите некои од модели на Beetle, Beetle Convertible, Golf, Golf SportWagen, Jetta и Passat, а сите со четирцилиндарскиот 2.0 TDI мотор. Попустите што компанијата ги нуди одат и до 8.500 долари и без учество за купување на кредит до 72 рати.
Ова е последна шанса да се купи дизелски агрегат од VW, бидејќи по избирањето на аферата Дизелгејт, компанијата реши да ја прекине продажбата на овие мотори во иднина.