Не е ниту Германија, а ниту Франција и Велика Британија, 1.000 примероци од моделот Taycan на Porsche веќе се продадени во Норвешка.
Интересот за електричните возила во оваа скандинавска земја во континуитет се зголемува што резултира со истиснување на возилата опремени со бензински или дизелски мотор од пазарот.
Доказ за тоа е податокот според кој во септември во оваа земја 60% од продадените возила биле електрични при што Porsche ја удвои продажбата.
Токму илјадитиот примерок на Taycan во Норвешка беше испорачан од салонот во Осло, а новиот сопственик при тоа изјави дека ова му е петто Porsche во неговиот живот.