Најголемата и секако најадреналинската продавница за автомобили се наоѓа во Дубаи и верувале или не, во неа се продаваат автомобили со вкупна вредност од 45 милиони американски долари.
Deals on Wheels, како што е именувана продавницата, на продажба има повеќе од 100 супер моќни автомобили, а сопственикот на продавницата не го крие сонот за тоа да прерасне во најголем трговец на супер спортски автомобили во светот. За таа цел тој настојува кон зголемување на бројот на автомобили во понудата со акцент на ретките и моќни автомобили.
Пред само некое време, сопственикот Мухамед Реџа Абдула, успеал да продаде Ferrari LaFerrari за три милиони долари, а во моментов се продаваат Porsche 918 Spyder за 1.4 милиони долари, Ferrari Enzo за 1.9 милиони долари и McLaren P1 за 1.7 милион долари.
Покрај горенаведените автомобили, во салонот се наоѓаат и бројни модели од брендовите на Lamborghini, Aston Martin, Bugatti, Bentley, Rolls-Royce, Lotus, Jaguar и други.