Секој што вози автомобил кои емитираат високи емисии на јаглерод диоксид, а при тоа користат дизел и бензин како гориво ќе плаќаат поголем данок во иднина. Со оваа одлука индиректно владата на Шведска го штити Volvo кој има многу ниски емисии на штетни гасови, а при тоа до 2022 година сите модели на овој шведски производител ќе бидат достапни и во електрифицирана изведба.
Со ова Шведска планира значително да ги намали емисиите на јаглерод диоксид од возилата, а тоа ќе се постигне со воведување на нови трошоци. Ослободувањето на овој данок за исклучително економични автомобили, а пред се за електрифицираните автомобили ќе придонесе за значителна популаризација на овие автомобили во оваа скандинавска земја.
Законската измена освен повисок данок предвидува и казна која сопствениците ќе треба да ја плаќаат во првите три години, а по овој период следи зголемување на данокот. Според истиот, за секое пречекорување од еден грам на граничната вредност од 95 грама, сопствениците на овие возила ќе треба да плаќаат по 8 евра. Доколку возилото пречекорува над 140 грама, тогаш за секој грам над оваа граница сопствениците ќе плаќаат по 10 евра од грам.
Сличен ваков модел постои и во Велика Британија, а целта е јасна – мора населението да се префрли на користењето на хибридни и електрични автомобили.