Неискусен возач радосно ја читал СМС пораката испратена од неговиот пријател со честитка упатека за штотуку успешно положениот возачки испит, но направил кобна грешка – и завршил во вода. Возачот што бил идентификуван од локалните медиуми како Жанг, направил погрешно вртење на мостот додек аво управувал возилото во градот Зунју во кинеската јужна повинција Гунжу.
Видеото од инцидентот покажува како белото возило врти со цел да ги збегне двете лица кои се движат на мостот. И потоа автомобилот завршува во студената вода.
За среќа Жанг успеал да излезе од возилото пред истото да потоне, но го повредил рамото во инцидентот.
„Додека возев се обидов да го земам телефонот и да прочитам некои пораки додека двајца луѓе беа пред мене на мостот. Станав нервозен и ненадејно свртев лево. За среќа возилото некој момент плуташе над водата, а јас не можев да ја отворам вратата од мојата страна па морав со удирање да ја отворам другата врата. Во спротивно можеби никогаш немаше да излезам, изјавил Жанг.
Нема информација дали за ова возачот добил казна, но во Кина за користење телефон додека возите може да добиете глоба од 25 евра.
Видеото е поучно да се уверите колку е опасно да читате пораки на телефон и д аго користите додека возите.