вторник, 25 декември, 2025 година

Само 11% од возачите сакаат автономна технологија во своите автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Напредниот развој на автономната технологија од страна на автопроизводителите и технолошките гиганти се чини дека не причинуваат големо задоволство кај возачите. Додека претходните истражувања покажуваа дека возачите се претпазливи во врска со технологијата, последниот во низата извештаи дава идентична слика.

Според анкеатата спроведена од страна на Consumer Reports само 11% од возачите кои сакаат да купат ново или користено возило во следните две години, сакаат модел опремен со автономна технологија за возење.

- Advertisement -

Додека полуавтономните системи за возење ветуваат дека ќе ја подобрат безбедноста, се чини дека потрошувачите претпочитаат постари технологии како што се камери на задниот дел, сензори за паркирање и систем за предупредување на слепи точки.
51% од испитаниците изјавиле и дека е важно нивното следно возило да има камера на задниот дел или т.н. резервен систем за предупредување. 45% пак одговорија дека многу им е важно следното возило да поседува систем за предупредување за слепи точки. Според останатите податоци од истражувањето на Consumer Reports, само 21% од испитаниците сметаат дека им е важен системо за предупредување при напуштање на лента.

Сепак, ваквите резултати поврзани со безбедносните системи кои на пример во САД стануваат задолжителна опрема за сите нови автомобили, се должат на лажните предупредувања, скептицизмот на возачите во поглед на технологијата односно недостатокот на доверба во новите технологии. Како причина може да се наведе и недоволната запознаеност на возачите со технологијата и што конкретно безбедносните системи значат и како функционираат.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја