Несекојдневна кражба се случи во Русија. Како што пренесуваат руските медиуми, од проджен салон за автомобили во Санкт Петербург “исчезнаа” 18 нови автомобили.
Станува збор за продажниот салон на Skoda од каде недостасуваат 18 нови автомобили чија вкупна продажна вредност изнесува 213.750 евра.
Она што предизвика внимание во целиот овој случај е тоа што недостатокот на овие автомобили бил утврден со годишниот попис што значи не се знае точното време кога биле истите украдени.
Полицијата во овој руски град веќе притвори двајца од вработените во салонот поради сомнеж дека истите биле вклучени во кражбата на автомобилите.