Сакате Suzuki Swift седан? Не е проблем

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку сакате седанска изведба од Suzuki Swift тогаш воопшто не е проблем, тука е моделот Dzire. Јапонскиот производител кој е најпопуларниот бренд во Индија ја претстави фејслифт изведба на моделот Dzire.

Станува збор всушност за седанска изведба на моделот Swift. Токму и оттука е големата сличност во екстериерниот дизајн.

Овој модел за прв пат се појави во 2008 година, а четири години подоцна се појави и втората генерација. Во 2017 година премиерно беше претставена третета генерација која всушност сега доби и фејслифт.

Maruti Suzuki Dzire

Фејслифтот чија должина изнесува 3,995 мм доаѓа со истите модели како и претходно. Два 1.2 литарски бензински VVT мотори како и турбодизелскиот 1.3 литарски мотор. Достапен е со мануелен, но и автоматски менувач.

Инаку подновениот Dzire доаѓа и со нови алуминиумски фелни, апдејтиран инфотејнмент систем како и LED светла.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK