Саемот за автомобили во Пекинг презакажан за септември

ОБЈАВЕНО НА:

Коронавирусот го одложи и еден од најголемите саеми за автомобили во Азија, саемот во Пекинг. Иако во Кина се нормализра животот и нема повеќе карантин и никакви рестрикции, сепак се уште не е време за огранизирање саем или некоја друга манифестација на која ќе има голема концентрација на луѓе на едно место.

Овој саем првично беше закажан за 21 парил, но како што соопштуваат организаторите на оваа саемска изложба, саемот сега се презакажува за септември и ќе трае од 26 септември до 5 октомври.

Саемот во Пекинг за прв пат се одржа во 1990 година. Оттогаш па се до денес се одржува на секои две години и претставува значајно место за светски и азијски премиери.  Во минатото на овој саем премиерно беа претставувани и концептите BMW iX3, DS X E-Tense, VW T-Prime, Audi TT, Ford Everest, Lamborghini Urus и многу други.

Поради коронавирусот претходно одложени или откажани беа и саемите во Детроит, Женева, Њујорк, Сао Паоло, Белград …

Следете не и на:

24AUTO NETWORK