Уште едно саемско одложување – организаторите на саемот за автомобили во Детроит (North American International Auto Show)соопштија дека саемот се одложува за следната есен.
Овој саем кој е еден од трите најголеми во Северна Америка, заедно со оној во Њујорк и Лос Анџелес требаше да се одржи во јуни следната година, но истиот е презакажан за од 28 септември до 9 октомври следната година.
Претходно, и саемот во Лос Анџелес беше презакажан од 20 ноември годинава во мај следната.
Сега следен саем за автомобили кој ќе се одржи на американско тло е оној во Њујорк кој почнува на 2 април и ќе трае се до 11 април.
[totalpoll id=”43475″]