Саемот во Франкфурт без девет познати компании

ОБЈАВЕНО НА:

Саемите на автомобили вообичаено се местата каде секој производител ги најавува идните модели, технологии и едноставно ја покажува својата доминација. Но, истовремено тоа се места каде се трошат огромни средства, а сега компаниите сакаат што е можно повеќе да ги скратат сите издатоци, и истите да ги пренасочат на подобри идеи.

Франкфурт е местото на следниот голем светски саем на автомобили во септември. Тоа е место каде вообичаено доминираат германските брендови. Но, сепак годинава дури девет компании решија да штедат и да не одат во Франкфурт. А тие држат околу 20 отсто од продажбата во Европа.

На листата на компании што нема да ги видиме во Франкфурт се: Alfa Romeo, DS, Fiat, Infiniti, Jeep, Mitsubishi, Nissan, Peugeot и Volvo.

Сега производителите се обидуваат да најдат и други начини на промоција на своите производи, па саемите не се во главниот фокус. Тоа се места каде не се продав, туку само се покажува и се билда имиџот, па менаџментот на компаниите решаваат да скратат на трошоците.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK