четврток, 25 август, 2025 година

Ryanair пушта нова авио компанија – Malta Air

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Компанијата Ryanair создава нов огранок, кој ќе биде сместен во Малта, со цел да го зголеми своето присуство на островот и да достигне до Северна Африка со додавање на една подружница во својата група од авио компании.

Ryanair има структура, слична на онаа на IAG, сопственик на British Airways, со оглед на тоа што оперира со сè поголем број на подружници, вклучувајќи ги и австриските и полските авио компании  Laudamotion и Ryanair Buzz, како и главната која е со седиште во Даблин, Ryanair.

- Advertisement -

Откако Владата на Малта најави дека има напредок во преговорите со Ryanair за создавање на подружница, компанијата од Ирска објави дека ќе го направи тоа после закупување на компанијата од Малта, Malta Air, во која ќе ги премести шестте авиони сместени во земјата.

„Malta Air со гордост ќе лета под знамето и името на Малта, а планираме да ја зголемиме флотата на Малта, правците и рботните места во следните три години“, изјави извршниот директор на Ryanair, Мајкл О’Лири.

Најголемата ниско тарифна авио компанијата во Европа најави дека планира да ја зголеми флотата на островот на десет авиони во рок од три години и да ги преименува како Malta Air за летото во 2020 година.

Над 50 авиони, сместени во Франција, Италија и Германија исто така ќе бидат преместени во регистарот на Малта, што ќе им овозможи на екипажите да плаќаат даноци на локално ниво место во Ирска, каде што тие се обврзани да го сторат тоа во сегашните услови.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја