Руско чудо – ја зголемија продажбата на автомобили и за време на корона

ОБЈАВЕНО НА:

Додека продажбата на нови автомобили во сите земји е во пад поради коронавирусот, во Русија е забележано неверојатно зголемување од 22,7%.

Во март годинава според официјални податоци во Русија се продадени нешто над 160 илјади нови автомобили што е значајно повеќе во однос на март минатата година.

Без изненадување, најпродавани возила се оние од домашниот бренд Lada чија продажба во март изнесуваше 31.608 примероци или 19,7% од вкупната продажба. Значителна продажба остварија и јужнокорејските производители Kia и Hyundai кои се на втората и трета позиција, а потоа следат Renault, Volkswagen, Toyota, Skoda, Nissan, BMW и Mercedes.

Најпродаван модел во март е Lada Granta со продадени 11.986 примероци. Следи Lada Vesta со 10.817 примероци, Kia Rio со 9.751 примерок, Hyundai Creta со 8.123 примероци и Volkswagen Polo со 5.859 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK