Пред 40 години оваа статија би спаѓала во категоријата “Хумор”, но денес во глобализиран свет е вистинска реалност. Руски бренд ќе ја освојува Америка, но при тоа не станува збор за Lada.
UAZ е брендот кој наскоро ќе започне со продажба на своите возила во САД и тоа благодарение на компанијата Bremach Inc. која ќе биде застапник на брендот за американскиот пазар.
Во понудата ќе бидат моделите UAZ Patriot и UAC Pick-Up Line. Сепак, поради маркетиншки цели, овие модели ќе се продаваат под брендот Bremach и називите на моделите ќе бидат Taos 4×4 SUV Line и Brio 4×4 Pickup Line.
Двата модели ќе бидат достапни со 2,7 литарски бензински мотор со 150 КС, кои доаѓаат со шест степен автоматски менувач и погон на сите четири тркала.
Цената на моделот Taos 4×4 SUV Line стартува од 26.405 американски долари, додека пак Brio 4×4 Pickup Line изнесува 27.882 долари.