среда, 25 декември, 2025 година

Руската Lada слави 50 години постоење

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Деновиве беа навршени 50 години од почетокот на производството на автомобилите Lada. Во 1970 година во овој период од производствената лента на компанијата „AvtoVaz“ во Тољати се симнаа првите модели VAZ-2101 „Жигули “ – легендарните „Копејки“.

„Првиот модел на Lada стана најбројниот во историјата на AvtoVAZ, но и во историјата на руската автомобилска индустрија. Од 1970 до 1988 година беа произведени околу 4,8 милиони модели VAZ-2101 и негови модификации “, соопштија од „AvtoVaz“.

- Advertisement -

VAZ-2101 е заснован на италијанскиот седан „Fiat-124“. „AvtoVaz“ истакнува дека овој автомобил во 1967 година е наречен „Автомобил на годината во Европа“.

„На 19 април, каросериите дојдоа до механизам за поставување на тркала. Отстранети се потпирачите и автомобилите ‘застанаа на свои нозе’. Првиот автомобил од производствената лента го спушти инструкторот на Fiat, Бенито Савоини, а вториот го извозе началникот на отсекот за монтажа, Владимир Сафонов“, вели ветеранот на „AvtoVaz“, Евгени Башинџаѓан.

Компанијата „AvtoVaz“ додаде дека во Советскиот сојуз се извршени преку 800 промени на дизајнот на автомобилот, поради што VAZ-2101 доби висока оцена од домашните потрошувачи и странскиот пазар, на кој влезе во 1971 година.

Автомобилот Lada и понатаму е најпродаваниот во Русија, како меѓу новите патнички, така и половни автомобили. Во минатите 12 години, откако постои статистиката на Европската бизнис асоцијација во продажбата на нови автомобили „Lada“ автомобилите се први според количината на продажба, а понекогаш и двојно ги надминуваат странските конуренти.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја