Руската гордост ја враќа старата слава: Продажбата на Lada скокна за 20%,

ОБЈАВЕНО НА:

Купувањето од страна на Renault и големите иницијални инвестиции започнаа да даваат резултати – руската гордост Lada забележа пораст на продажбата од неверојатни 20%.

Оваа вест ја соопштува угледниот Блумберг кој повикувајќи се на извори од Русија наведува дека на рускиот пазар, минатата година продажбата се зголемила за 20%, а во првата половина оваа година остварена е продажба од 170 илјади возила. Благодарение на оваа продажба, зголемен е профитот за 21%, а профитната маржа на 7.1%.

Блумберг пишува и за состојбите во AvtoVaz во минатото како и бројните шеги на сметка на брендот Lada. Сепак наведува дека веднаш по преземањето од страна на Renault, првиот човек на францускиот производител Карлос Госн успеал веднаш да направи целосна трансформација која во моментов се огледа во бројните нови модели како и реорганизацијата која доведе до зголемување на добивката.

Related image

“Кога дојдовме во AvtoVaz све беше некако советско и сиво, немаа идеја за тоа како на Запад се произведуваат автомобили. Денес може да се каже дека пазарните можности на Lada благодарение на подобриот квалитет се многу големи” изјави Ентони Гради кој од самиот старт на соработката помеѓу Renault и Lada во 2008 година игра важна улога во бинис активностите на рускиот производител.

Во минатото овој производител имал удел од 80% на домашниот, руски пазар, меѓутоа по распаѓањето на Советскиот Сојуз и значителното отворање на границите за западните компании, овој удел значително се намали. Денес, Lada заедно со Renault, Nissan и Mitsubishi имаат удел од околу 36% на рускиот пазар што е убедливо најголем во однос на останатите автомобилски компании.

Lada Vesta Cross

Блумберг, во својата статија, заклучува дека Renault придонесе за вистинска ренесанса во Lada копирајќи ги истите стратегии кои ги примени кај романската Dacia која пред само 20 години беше во иста очајна состојба, меѓутоа денес е вистинска профитабилна компанија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK