Русите тврдат: Го имаме најдобриот електричен мопед во светот (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Смартџет UJET е малогабаритен лесен електричен мотоцикл кој лесно се расклопува и со кој може да се управува со помош на смартфон. Се произведува од лесна пластична маса од типот на пропилен со додаток на наноматеријали.
Според потрошувачката на енергија за пренос на килограм корисен товар ова е најсовршеното превозно средство на планетата. За успехот на Русите се пофали раководителот на руската државна компанија за нанотехнологии „Роснано“ Анатолиј Чубајс кој преку својот фејсбук профил соопшти дека компанијата OCSiAl (компанија-ќерка на државната корпорација) почнува со производство на смартџетот UJET.

„UJET користи специфична батерија со поголема густина на енергијата од батеријата на Tesla”, вели Чубајс, додавајќи дека батеријата се наоѓа во седиштето на смартџетот. Според него, компанијата ќе произведува 32 илјади возила годишно. „Смартџетот се разликува од мотоциклот и велосипедот како што „Ајфон“ се разликува од мобилен телефон на копчиња“, додаде директорот на „Роснано”.

Според информацијата објавена на сајтот на UJET, цената на ова совршенство е 8690 евра, за поевтиниот модел, а поскапата верзија ќе чини 9890 евра.

https://youtu.be/7C1SoNqaCFY

Чубајс наведе некои од карактеристиките на новиот производ. Масата му е до 40 килограми. Моторот со моќност од 4 киловати, тежок 1,86 килограми, е скриен во рамките на тркалото. Во зависност од изборот при купување, со едно полнење ќе може да се минат 70 или 150 км. Максималната брзина е ограничена на 45 км/ч.
Стартниот вртежен момент на моторот е повеќе од 110 Nm. Се движи целосно нечујно. Кога е склопен, UJET може да се влече како мал куфер на тркала.

Клучот за UJET е смартфонот, кој истовремено е и дијагностички уред. Со него управува четиријадрен процесор кој во сервисниот центар непрекинато испраќа 64 параметри. Во UJET се интегрирани GSM, 4G, GPS, Bluetooth, Wi-Fi. Со сите функции на UJET може да се управува без да се тргаат рацете од управувачот, со тастатура или со глас.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK