Русите сериозно се зафатија со електрификација

ОБЈАВЕНО НА:

Руската компанија Volgabus по КАМАЗ и групата ГАЗ, исто така, го претстави својот прв електричен автобус. Станува збор за 12 метри долг, со низок под наречен “СитиРитм-12E”.

Предностите на автобусот со електричен погон се доброто маневрирање и нискиот под. Литиум-полимерните батерии на возилото се произведени во Русија и имаат ефикасен век на работа повеќе од 10 години.

Моторот е исто така руски, а неговата моќност е 115 kW и во комбинација со автоматскиот менувач обезбедува добра динамика и непречено движење.
Батеријата се полни ноќе со стандарден извор на напојување со напон од 380V.

Експресното полнење трае 6о минути од ултра-брзата станица за полнење. Цената на Volgabus е практично двојно повисока од онаа на тролејбус, но кога станува ќе почне сериското производство, таа ќе се намали за 25-30%.

Првиот Волгабус наскоро ќе биде тестиран во неколку региони на Русија, прв во Волгоград. Сериската верзија треба да се појави во 2018 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK