Русите пуштаат супер евтин електричен автомобил по цена од 5.000 евра (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

До крајот на оваа година се очекува на пазарот да излезе супер-евтин електромобил кој треба да биде пуштен од страна на Русите. Порано беше објавено дека сериското производство на електромобилот Zetta требало да почне во декември минатата година.

Сега шефот на Министерството за индустрија и трговија Денис Мантуров изјави за агенцијата ТАСС дека сериското производство ќе почне кон крајот на 2020 година. Тој истакна дека плановите на производителот се забавени поради пандемијата, но производството на овие автомобили е целосно можно во блиска иднина.

Како што објаснува Мантуров во моментов се спроведува пилот склопување, веќе се напаравени неколку електрични превозни средства, добиен е кодот на WMI, кој го дефинира статусот на производителот на автомобили и се во процес на сертифицирање.

Шефот на Министерството за индустрија и трговија исто така истакна дека компанијата Zеttа има потреба од дополнителни инвестиции во размер од 100 милиони рубљи. Ова прашање треба да биде разгледано од експертски совет на Фондот за индустриски развој на крајот на август, но се очекува да биде решен без проблеми.

Zеttа e првиот руски електромобил, кој влегува во сериско производство. Склопувањето на компактниот автомобил со три врати ќе се изврши во фабриката во Тољати. Во мај минатата година беше објавено дека електромобилот ќе чини 450 илјади рубљи, што е еднакво на приближно 5.000 евра.

Основната верзија на Zеttа ќе биде со погон на предни тркала. Во средната верзија ќе се најде и поголема батерија, а на највисоко ниво електричниот автомобил ќе понуди и погон на четири тркала и уште поусовршена батерија.

Капацитетот на батеријата е од 10 до 32 кВтч, a опсегот со едно полнење ќе биде од 200 до 560 километри. Максималната брзина е 120 км/ч. Покрај тоа стана јасно дека компанијата од Тољати работи во исто време и на модели за Индија. За извоз Zеttа создава неколку модели, вклучувајќи и компактен градски автобус.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK